БОНИТЕТНИ ИЗВЕШТАИ

БОНИТЕТНИ ИЗВЕШТАИ

Прибирањето на информации за неплаќачите е исто толку важно како и нашата основна дејност-наплата на одредено побарување. Доколку нашите деловни партнери на време ги известиме за постоење на стопански субјект кој го избегнува плаќањето на своите обврски, најверојатно ќе спречиме настанување на поголема штета. Должникот, кој сака нормално да стопанисува, не може да си дозволи игнорантски однос кон нашата фирма затоа што на тој начин си обезбедува лош глас во банкарските и во осигурителните кругови во земјата и странство. 

Неплаќањето, односно доцнењето во плаќањата на доспеаните обврски во современиот деловен свет е многу раширена појава, која може многу добри фирми да ги доведе во сериозни потешкотии. Со цел тоа да се избегне, односно да се намали ризикот од настанување на тешкотии заради доцнење на плаќањата од должниците, најдобра превентива претставува редовната проверка на бонитетот на деловните партнери за соработка и селектирање и отфрлање на оние кои имаат тешкотии во плаќањата.

Станете на наш партнер во подрачјето на бонитетни извештаи. Пополнете го прашалникот за потенцијален нарачател за бонитетен извештај, за да ги дознеме Вашите потреби и желби, доколку сеуште не соработувате со нас, или нарачката на бонитетен извештај доколку сте веќе наш партнер.