МОНИТОРИНГ

МОНИТОРИНГ

Проверката на кредитниот рејтинг на вашиот бизнис партнер Ви дава преглед на неговата финансиска состојба во дадено време, но мониторингот обезбедува информации за клучните промени во текот на годината. 

Денес, промени во статусот и состојбата на деловните субјекти се случуваат почесто и поинтензивно од кога било досега. Со оглед на тешката економска ситуација и особено проблематична ликвидност, многу е важно да бидете навремено информирани за промените кои се однесуваат на Вашите бизнис партнери. Навремена достапност на релевантни информации е од суштинско значење за да се превземат соодветни деловни одлуки. За таа цел Про Kолект ја разви услугата на "Мониторинг", која е надградба на вообичаените кредитни извештаи.  Кога ќе прочитате кредитен извештај кој е произведен врз основа на билансите од минатата година, Вие всушност гледате во историјата. Во денешнината ние знаеме дека историјата не може и не треба да биде основа за донесување на деловни одлуки. 

Услугата мониторинг, вклучува следење на активностите на Вашите деловни партнери во текот на годината и Ве информира за какви било промени во статусот и кредитната способност на надгледуваната компанија. Следењето вклучува секојдневен пренос на информации во период од 1 година.

Информациите кои се собрани, се доставуваат по електронски пат и вклучуваат информации за промените на името на компанијата, деловна адреса, сопственичка и управувачка структура, банкарски сметки и други промени кои можат да влијаат на работењето на надгледуваните компании. Покрај тоа, вклучува и информации за покренување на предстечајна постапка како и информации за тоа дали една компанија е во постапка за наплата на долгови. 

Некои примери кои ќе Ви дадат подобра слика

Една компанија која покажува добри резултати за крајот на минатата година може да биде продадена подоцна на непознат "инвеститор", кој почнува со искористување на доброто име на оваа компанија за неговите "слободни" купувања додека претходните сопственици имаат воспоставено ист бизнис, со сосема нова компанија. Ако добавувачите ги гледаат билансите на состојба и успех, може да помине подолго време пред да се дознае дека не може да се очекува од овој купувач да изврши плаќање за доставените стоки или за извршени услуги. 

Поука: Бидете свесни за какви било промени во сопственоста на компаниите со кои ќе соработувате. 

Компанијата "Должник ДОО" кој постојано покажува проблеми со подмирување на своите обврски, го менува своето име во "Инвестиции ДОО" и своето седиште го регистрира на друго место. По неколку месеци поведена е постапка за автоматско бришење од судскиот регистар на компанијата "Инвестиции ДОО ", додека доверителите со неисплатени побарувања се уште ја бараат и собираат информации за компанијата "Должник ДОО" но вистинскиот должник веќе е скриен и доверителите можат да се простат од своите пари. Компанијата "Инвестиции ДОО" прави, исто така, добар прв впечаток во нов град и за кратко време користи уште една можност да направи некои "слободни" купувања и им причинува штети дури и на повеќе добавувачи. 

Поука: Обрнете внимание на какви било промени во името на компанијата и нејзината адреса. Тоа може да бидат безопасни промени, но исто така може да биде должник кој се крие со лоши намери.

Купувачите често се наоѓаат во "маѓепсан круг на неплаќање." Кога Про Колект ќе добие налог за наплата на долгот од една компанија тоа би можело да значи дека должникот има сериозни проблеми со ликвидноста. Често се случува дека со првиот налог за наплата на долгот истиот е проследен со следни наплати со што должникот може да стане сосема несолвентен за една или две години. Оние добавувачи кои имаат таков должник во постапка на мониторинг од Про Колект, соодветно се информирани за претходните наведените настани. Според тоа, посветете поголемо внимание на отплатата на обврските на должникот и бидете повнимателни со идните добавувачи.

Поука: Со користење на мониторинг ќе добиете навремено предупредување за случувањата во компанијата, а со тоа ќе можат да се превземат на време соодветни разумни мерки.

npl img

Проверката на кредитниот рејтинг на вашиот бизнис партнер Ви дава преглед на неговата финансиска состојба во дадено време, но мониторингот обезбедува информации за клучните промени во текот на годината.