ЗА НАС

ЗА НАС
ПРО КОЛЕКТ ДОО Скопје е основан во средината на 2006 година и остварува одлични резултати на подрачјето на вонсудска наплата на долгови и побарувања како и на изработка на бонитетни извештаи на правни субјекти во земјата, а со изградената мрежа на сестрински фирми на територијата на ЈИ (Југоисточна) Европа е активно вклучен во системот на истоветни агенции во целиот свет.

Основниот ПРО КОЛЕКТ Љубљана, основан од државата во 2004 година, иницираше изградба на вистинска мрежа која денес има свои фирми под истото и препознатливо лого во Словенија, Хрватска, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Унгарија, Романија, Бугарија и го обезбеди своето присуство и делување на територијата на Косово, Црна Гора и Грција. Со тоа ПРО КОЛЕКТ Групата стана вистински експерт во својата област на територијата на цела ЈИ Европа а преку поврзувањето со меѓународните асоцијации за наплата, обезбедува свое делување и дава услуги на своите клиенти низ целиот свет.

PRO KOLEKT DOO Skopje achieves excellent results in the area of ​​out-of-court collection of debts and claims as well as in the preparation of credit reports of legal entities

Територијална покритиеност

ПРО КОЛЕКТ со својата мрежа активно се вклучува и учествува во светската мрежа на агенции за наплата на побарувања, која постојано расте, со цел на нашите клиенти да им ги обезбедиме нашите услуги кои во овој момент ги нудиме во над 120 земји од сите континенти на светот.

ДЕЛОВНИ ПРАВЦИ

Основната причина за формирање на ПРО КОЛЕКТ Групата која создаде мрежа со сите свои членки, е на своите клиенти да им овозможи на најстручно можен начин специфичен пакет на услуги и тоа првенствено во посредувањето на наплата на долгови, изработка кредитни-бонитетни извештаи, менаџмент консалтинг, помош во судските процедури а истотака и помош за основање на фирми во земјите на ЈИ Европа.